После долгите преговори и перипетија конечно заврши сагата околку Џанлуиџи Донарума и младиот голман стави потпис на нов 4-годишен договор со Милан.
18-годишниот голман најпрво ја одби понудата од Милан за продолжување на доворот, што предизлвика бес кај фановите према него и неговиот менаџер Мино Раиола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Донарума денес стави потпис на новиот договор, ќе биде еден од најплатените голмани во светот со годишна плата од 6 милиони евра, а на пресконференцијата им се извини на фановите и ја потврди љубовта кон клубот.
„Среќен сум и горд што ќе останам во Милан. Овде пораснав, ова е клубот на мојот живот и никогаш немав дилеми околу мојата иднина. Во мојата глава постои само Милан и жалам за целата ситуација која се создаде“, изјави Донарума.
„Сакам да им се извинам на навивачите ако се почувствуваа изневерени, тоа не беше моја намера, за мене постои само Милан. Навивачите ми беа голема поддршка во изминатите две години и се надевам дека така ќе биде и во иднина“, искрен беше младиот голман.
Милан го потврди и доаѓањето на неговиот постар брат Антонио, кој ќе има улога на трет голман во тимот.