Доминик Тим направи големо изненадување во финалето на Индијан Велс победувајќи го Роџер Федерер, така тој дојде до првата Мастерс титула во кариерата.
Искусниот Федерер беше голем фаворит во овој дуел, но Тим одигра фантастичен меч и на крајот заслужено славеше со 2:1 во сетови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот сет траеше 36 минути и изгледаше дека се оди според планот на Швајцарецот. Федерер првиот сет го доби со 6:3, но потоа Тим се „разбуди“. Одигра одлично во вториот сет и упсеа да изедначи на 1:1 во сетови. Вториот сет Тим го заврши за 38 минути и го доби со 6:3.
Иако многумина очекуваа дека Федерер ќе го освои Индијан Велс тоа не се случи. Тим продолжи со одличната игра и во третиот сет. Тој ја користеше секоја грешка на
Федерер и на крајот го доби сетот со 7:5 и го освои својата прва Мастерс титула во кариерата.
Федерер – Тим 1:2 (6:3, 3:6, 5:7)
Thiem/@ThiemDomi /(?@TennisTV ) #BNPPO19 pic.twitter.com/IfzK60egm6
— doublefault28 (@doublefault28) March 18, 2019