Дома Фудбал Англија Долгогодишната битка на Венгер ја добива Билиќ

Долгогодишната битка на Венгер ја добива Билиќ

Играчот кој долго се поврзуваше со Арсенал, ова лето би можел да заврши во редовите на Вест Хем.

Англиските медиуми пренесуваат дека „Чеканите“ испратиле понуда за Вилијам Карвалјо, а истата изнесува 27.1 милиони фунти.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Топката сега е во дворот на Спортинг, се чека одговор од Португалецот. Инаку, тој во договорот има излезна клаузула која изнесува 40 милиони фунти.

Карвалјо има 25 години, игра на позицијата последен играч за врска, изминатото лето со репрезентацијата на Португалија го освои ЕП, а во изминатите неколку преодни рокови редовно беше врзуван со Арсенал.

Во северен Лондон не заврши, но дали ќе замине во источниот дел…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На денешен ден пред 24 години беше постигнат еден од најпознатите голови во Премиер лигата (Видео)

Холандскиот фудбалски мајстор, Денис Бергкамп, изгради кариера полна со извонредни голови.…