Поранешниот доктор на Ливерпул, Ендру Маси раскажа интересна приказна од соблекувалната каде во главна улога бил легендата Стивен Џерард.
Легендарниот капитен на Ливерпул, доживеа незгодна повреда на пенисот на натпреварот од ФА Купот со Борнемут во 2014 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во дуелот со Хари Артер, Џерард заработи сериозна рана на пенисот, која требало брзо да се шие.
„По крајот на мечот, Стиви ми пријде и ми рече, „Докторе, мораш да го погледнеш ова“. Погледнав, видов крв насекаде и си помислив, „Леле, ова сигурно боли“. Се обидував да се присетам на се од медицинскиот тренинг, но никогаш никој не ме учел како да сошијам пенис“, раскажува поранешниот доктор на „црвените“.
„Си реков, „Не сакам првиот пе*ис кој ќе го шијам да биде пе**сот на Стивен Џерард“, но беше“, додаде Маси.