Вчера на 60. годишна возраст почина Диего Армандо Марадона, а причината за смртта беше срцев удар.
Тој во својот дом во Сан Андреас, во блисина на Буенос Аирес, се опоравуваше од операцијата на мозокот, а опоравувањето одеше добро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во својата куќа имаше посебна соба со медицинска опрема каде се опоравуваше, а тука го поминуваше поголем дел од своето време.
Неговиот доктор откри како изгледале последните часови на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Имено, Марадона се разбудил околу 10 часот, што е порано од вообичаено, станал, испил малку вода и го прошетал кучето.
После тоа се вратил во креветот, но лековите кои ги испил не му помогнале, па веднаш била повикана брза помош.
За жал, не можеле да му помогнат. Веднаш започнале постапка за реанимација, но веќе било доцна…