Дома Фудбал Италија Доктор за фудбал, но и за бизнис: Само Златан може да добие таков договор од еден клуб

Доктор за фудбал, но и за бизнис: Само Златан може да добие таков договор од еден клуб

Златан Ибрахимовиќ во 39. година од животот игра фантастично.

Шведскиот напаѓач најверојатно и следна сезона ќе го носи дресот на Росонерите. Раководството на клубот од Сан Сиро е подготвено да му понуди нов договор, а планот беше за следната сезона да му плати 4.5 милиони евра.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Меѓутоа, Ибрахимовиќ смета дека заслужува могу повеќе. Тврди дека се уште е најподготвен и дека тој ќе ги постави условите кои му одговараат.

„Најподготвен сум во екипата, правам разлика и ја давам душата на депресивна група. Подготвен сум да ја продолжам соработката, но мора да ме третирате како лидер и така да ме платите.“ – порачал Ибра на состанокот со челниците на клубот.

Сега се чека одговор од раководството. Нема дилеми дека Ибра е важен играч и со неговото присуство на теренот му дава многу на клубот.

Италијанските медиуми тврдат дека раководството на Росонерите поради тоа се спремни да ги прифатат условите на Ибра, а ова секако ќе биде преседан во светот на фудбалот. Само Златан може да добие договор по услови кој сам ќе ги постави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти го губи трпението со Винисиус, ќе му одземе важна улога

Карло Анчелоти го губи трпението со ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, и пред дуело…