Додека Мадрид се уште се опоравува од шокот кој го приреди Зидан со својата оставка, денес се пишува за новите барања на Кристиано Роналдо.
Каталонските медиуми со задоволство пишуваат за ситуацијата во Реал. Зидан одлуката ја соопшти во последен час, дури ниту неговиот стручниот штав не знаел, закажани беа припреми во Монтреал, ќе видиме што ќе се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Никој нема идеја кој би можел да биде негов наследник. Она што е јасно е дека Покетино е прва желба, но тој скоро и да е невозможна мисија.
Што е останатите?
Во игра се уфрли Ландруп, Алегри игледа е само шпекулација, а ниту Сари не е опција за кого сметаат дека ќе се снајде во клуб каков што е Реал Мадрид.
Гути е решение од клубот, но проценето е дека е премногу млад, додека Лев очекувано ја одби понудата.
Значи Реал нема решени, веројатно нема ниту да брза.
Сега поголем проблем е Роналдо.
Според шпанските медиуми, Португалецот бара плата од 80 милиони евра бруто, годишно, до истекот на договорот. Тоа е околу 50 милиони евра нето што би го направило најплатен играч во светот.
Со други зборови, со платта и даноците, Перез за Роналдо до 2021 би требало да издвои 240 милиони, што е научна фантастика и никој не верува дека Перез ќе ги исполни и овие негови барања.