Без оглед на силните понуди и интересот од други клубови, Миралем Пјаниќ и после ова лето ќе остане член на Јувентус, а денеска ќе потпише нов договор.
Како пренесува Медиасет Премиум, новиот договор е спремен и денеска на истиот ќе биде ставен потпис. По новиот договор тој ќе заработува седум милиони евра по сезона, односно два ипол милиони повеќе.
Коментари