Златан Ибрахимовиќ денес тренираше со остатокот од тимот на Милан и ќе биде готов за дербито со Интер во недела.
Ибрахимовиќ го пропушти мечот со Верона минатиот викенд, а последните три дена тренираше индивидуално.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Денес Ибра ги обнови тренинзите со остатокот од тимот, но не го одработи целиот тренинг, па потоа тренираше индивидуално. Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Швеѓанецот ќе биде спремен за градското дерби со Интер.
Милан во следните неколку дена игра две големи дербија, против Интер и Јувентус, па враќањето на Ибра секако е добра вест за „росонерите“.
AAAAAA pic.twitter.com/7anQj5yGBV
— ?SS (@semo33x) February 7, 2020