Имаше предлози, но УЕФА одби да го менува системот на квалификации за Лигата на шампионите.
Британски „Тајмс“ вчера објави дека УЕФА би можела да ги скрати или целосно да ги укине квалификациите за Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За среќа на македонските клубови тоа нема да биде случај. УЕФА ќе го задржи постоечкиот систем, па сите клубови и од нашата земја кои оствариле пласман во квалификавиите ќе одиграа европски натпревари.
„УЕФА никогаш не разгледувала можност да ги оневозможи националните шампиони да се обидат да се квалификуваат во Лигата на шампионите. До денес не се развиени посебни можности за промена на форматот на квалификациите за европските натпреварувања“, јасно се наведува во дел од соопштението од УЕФА.