Дома Фудбал Доби удар од негов соиграч и „заработи“ десет конци на „гордоста“ (Видео)

Доби удар од негов соиграч и „заработи“ десет конци на „гордоста“ (Видео)

Албасете и Хуеска се сретнаа во рамките од 12 коло во шпанската лига, а натпреварот беше обележан со повредата на гостинскиот фудбалер Мариано Битоло кој заработи 10 конци во близина на неговата „гордост“.

Се играше 82 минута, Албасете напаѓаше и топката од десната страна беше уфрлена во шеснаесетникот, каде што ја чекаа двајца фудбалери на домашната екипа. Марио Битоло очекуваше дека може да ја расичисти опасност, но за негов ужас неговиот соиграч Роман Зозуљ со една невинмателна реакција го удри на најнезгодното место.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Несреќниот Аргентинец падна во агонија и со раката на неговата „гордост“ се превиткуваше на теренот. Иако успеа да стане, дури и да ја провери „штетата“, тој веднаш беше заменет.

Клупскиот доктор неколку часа по натпреварот откри дека биле потребни десет конци за да се санира повредата на Битоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …