Во претходниот период многу се шпекулираше за иднината на Матијас Де Лихт, а сега е потврдено дека дефанзивецот сака си замине од Јувентус.
Спортскиот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене за италијанските медиуми даде изјава во која потврди дека Де Лихт не е задоволен во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Невозможно е да задржите играч кој сака да го напушти клубот. Целта е да бидат задоволени сите три страни во преговорите“, кратко изјави Аривабане.
Де Лихт во Јувентус пристигна од Ајакс како големо засилување во одбраната, иако имаше солидни настапи сепак не ги исполни очекувањата во целост. Сепак, неговото заминување сигурно дека ќе направи проблем во Јувентус кој ќе мора да му бара замена.
Во претходниот период Де Лихт најмногу се поврзуваше со Премиер лигата и тимот на Челзи кој бара замена за Антонио Рудигер.