Дома Топ вести Директорот на Монако: Сакаме да го задржиме Мбапе, но…

Директорот на Монако: Сакаме да го задржиме Мбапе, но…

18-годишниот Килијан Мбапе е најголемото фудбалско откритие оваа сезона. Фудбалерот на Монако со своите партии едноставно ја излудува целата планета, особено богатите европски клубови.

Тинеџерската сензација оваа сезона има постигнато 22 гола и 11 асистенции на 36 натпревари, па поради тоа со право во моментов е најбараниот фудбалер на трансфер пазарот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


За него европските гигнати се спремни да потрошат цело богатство, а спортскиот директор на Монако, Антонио Кордон знае дека ги очекува „жешко“ лето.

„Не знам колкави понуди ќе има за него. Ќе видиме што ќе се случи, сигурно не очекува долго лето. Во секој ние сакама Мбапе да остане уште една година за доброто на Монако, но знаеме како функционира трансфер пазарот“, изјави Кордон.

Медиумите се сигурни дека дококу Мбапе ова лето го напушти „кнежевството“ сигурно ќе биде срушен светскиот рекорд, кој изнесува 110 милиони евра, колку што Јунајтед плати за Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …