Генералниот директор на Милан, Иван Газидис истакна дека клубот ја вратил финансиската стабилност и е спремен да инвестира во нов стадион.
Газидис потврди дека Милан само во последната година потпишал 27 нови спонзорски договори и дека со враќањето во Лигата на шампиони клубот ја вратил финансиската стабилност.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ова лето Милан беше еден од ретките клубови кои можеше да инвестира на трансфер пазарот. Клубот моментално е без долговори и секоја година ќе можеме да инвестираме уште повеќе“, истакна Газидис.
„Најважно од се е да изградиме нов стадион. Ние сме спремни за таква инвестиција и се надевам дека наскоро ќе започнеме со изградбата. Тоа ќе донесе можност за уште поголема заработка и инвестиции“, додаде директорот на „росонерите“.