Дома Трансфер зона Директорите на Милан пристигнаа во Рим – на мета две ѕвезди на Лацио!

Директорите на Милан пристигнаа во Рим – на мета две ѕвезди на Лацио!

Трансфер пазарот сеуште не е официјално отворен, а раководството на Милан веќе активно работи во реконструкција на тимот за следната сезона.

Денес на прегледи во Милано пристигна првото засилување на „росонерите“, Матео Мусакио, а медиумите тврдат дека се веќе договорени и трансферите на Франк Кеси од Рома и Рикардо Родригез од Волфсбург.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека директорите на Милан, Марко Фасоне и Масимилиано Мирабели денес отпатувале во Рим за започнат преговори за двајца фудбалери на Лацио.

Станува збор за крилниот напаѓач Кеита Балде за кого силен интерес покажува и Јувентус, и играчот за врска Лукас Биглиа.

Двајцата фудбалери имаа одлична сезона и најверојатно ќе го напуштат Лацио ова лето, а нивната цена се движи помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Доколку Милан успее да ги договори овие два трансфери нема сомнеж дека тоа ќе бидат огромни засилувања за тимот на Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…