Дома Фудбал Останато Динамо Киев раскина договор со млад талент затоа што неговиот татко работел за Русите

Динамо Киев раскина договор со млад талент затоа што неговиот татко работел за Русите

Иако констатно се апелира политиката да не влијае на спортот, сведоци дме дека ситуацијата во Украина и тоа како има влијание во сите спортови.

Последната потврда ни доаѓа од еден од најславнте клубови во Украина, Динамо Киев. Имено, украинскиот клуб избркал млад талент затоа што неговиот татко работел за руската армија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во прашање е 17-годишниот Артур Уваров кој е син на Максим Уваров, заменик претседател на сепарастичката република Лугањск.

„Не одобруваме кога синот одговара за постапките на својот татко, сепак после информациите кои ги добивме и ги проверивме од наша страна. Ние како клуб му поставивме конкретно прашање за неговиот татко, за тоа каква е поврзасноста со воените структури на сепаратистите. За жал од фудбалерот не добивме конкретен одговор. Поради неговото такво однесување моравме да донесеме одлука за раскинување на договорот“, соопштија од Динамо Киев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…