Со поразот од Јувентус во последниот натпревар од групната фаза, Динамо Загреб и официјално стана најлошит тим во историјата на Лига на шампиони.
16 клубови биле во иста ситуација како Динамо Загреб без поени по 6 натпревари во групата, но на ниту еден тоа не му се случило во две сезони. Со 11-тиот пораз по ред во групната фаза, Динамо постигна апсолутен негативен рекорд во Лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Динамо е еден од трите клуба кои не постигнале гол во шест натпревари во групата. Тоа му се случи само на Депортиво (2004-2005) и Макаби Хаифа (2009-2010), но и двете екипи беа со помал „минус“ во споредба со Динамо.
Депортиво имаше гол-разлика 0:9 во А групата, но со два бода, како последнопласирана екипа во конкуренција на Монако, Ливерпул и Олимпијакос, а Израелците не освоија ниту еден бод и со гол-разлика 0:8 беа фенерџии во А групата зад Бордо, Баерн и Јувентус во 2009/10.