Дома Останати Димитров и Бердих елиминирани од US Open

Димитров и Бердих елиминирани од US Open

Андреј Рубљов и Александар Долгополов изборија пласман во третото коло на Отвореното тениско првенство на САД, откако ги елиминираа Григор Димитров, односно Томаш Бердих.

Младиот 19-годишен руски тенисер, Рубљов во второто коло го совлада седмиот носител Димитров. Рубљов го победи Бугаринот по два часа и 26 минути со 7:5, 7:6, 6:3.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Рубљов во третото коло за противник ќе го има Дамир Џумхур. Тенисерот од Босна и Херцеговина го победи Германецот Седрик-Марсел Штебе со 4:6, 6:4, 6:0, 6:1 за два часа и 11 минути.

Александар Долгополов во второто коло го елиминира 15 носител Бердих. Украинецот го совлада Чехот за два часа и 37 минути со 3:6, 6:1, 7:6, 6:2.

Долгополов во третото коло за противник ќе го има Виктор Троицки. Србинот во три сета, 7:6, 7:5, 6:0 го победи Стефан Траваља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…