Утре од 18:30 часот на „Сантијаго Бернабеу“ Реал Мадрид ќе игра против Рајо Ваљекано за кој во последно време стандардно брани македонскиот голман Столе Димитриевски.
Димитриевски пред натпреварот во интервју за „Марка“ порача дека стадионот на Реал Мадрид е посебен за него поради тоа што тука Горан Пандев стана шампион на Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бернабеу е навистина посебно место за секој фудбалер. За мене како Македонец е специјално затоа што тука мојот репрезентативен колега Горан Пандев стана европски шампион со Интер. Да се игра на овој фудбалски храм е сон на секој играч“, изјави Димитриевски кој потоа зборуваше за неговиот клуб Ваљекано.
„Рајо е клубот кој ми даде се, ми даде шанса да бранам во најдоброто првенство светот. Сите стадиони се неверојатни, но овој Мадрид е дома на 13-кратен европски шампион. За да направиме изненадување потребно е ние да го имаме најдобриот ден, а тие најлошиот“, изјави Димитриевски.
Комплетното интервју на Димитриевски за „Марка“ можете да го прочитате ТУКА.