Поранешниот шпански репрезентативец Диего Коста, моментално е без клуб откако му истече договорот со бразилскиот клуб Атлетико Минеиро.
Според последните информации Диего Коста ќе се врати во Мадрид и ќе потпише договор со Рајо Ваљекано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рајо на напаѓачот му понудил едногодишен договор и плата од 1.000.000 евра. Наводно добил финансиски подобри понуди од Саудиска Арабија и од Англија, но тој со семејството сака да се врати во Шпанија и Мадрид.
Бразилецот веќе играше во Рајо на шестмесечна позајмица во 2012 година, кога постигна 10 гола и го спаси тимот од испаѓање, па сега ќе биде соиграч со македонскиот голман Столе Димитриевски.