Пласманот на Вардар во четврт-финалето на лигата на шампионите одамна беше заверен, а сега во петок, 19 часот против германски Битигхајм ,Вардарки одат да го потврдат и првото место во групата. Тоа ќе значи дека ривал во Топ-8 фазата ќе биде четвртопласираниот тим од првата група.
На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија Вардарки победија убедливо 38-26. Тренерот Дибирова претпазлива пред дуелот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„ Добро го познаваме противникот. Претходниот натпревар го добивме со голема разлика, иако првиот дел не беше лесен. Треба да играме перфектно за да победиме, и да ја решиме нашата задача во групата. На претходниот натпревар во Мец загубивме само порадите нашите грешки. Ни треба поддршката од трибините од сите, да бидеме сложни сите заедно дури и кога губиме. Треба да го вратиме победничкиот дух и да останеме на првото место” изјави тренерот Ирина Дибирова.