Дома Фудбал Италија Дибала станува втор најплатен играч во Серија А

Дибала станува втор најплатен играч во Серија А

Пауло Дибала и раководството на Јувентус се договорија за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Дибала долго време се поврзуваше со заминување од Торино, но остана и минатата сезона беше еден од најдобрите поединци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јувентус и Дибала, наводно постигнале договор со кој Аргентинецот би се обврзал на верност со „старата дама“ до 2025 година.

Аргентинецот моментално заработува 7 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе добива 11 милиони евра годишно и ќе биде втор најплатен фудбалер во Серија А.

Се очекува во наредните денови двете страни и официјално да го потврдат новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Комоли за судењето на дербито со Интер: Срамно, едноставно срамота!

Директорот на Јувентус Дамиен Комоли изрази сериозни претензии кон судењето на дербито од …