Дома Фудбал Италија Дибала откри до каде се преговорите за новиот договор

Дибала откри до каде се преговорите за новиот договор

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала проговори за текот на преговорите околу неговиот нов договор со „старата дама“.

Дибала откри дека неговиот агент ќе има нова средба со раководството оваа недела и се надева на добар исход.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Аргентинецот влезе во последната година од договорот и Јувентус се обидува да го задржи во свите редови.

„Преговараме со раководството и сите се надеваме преговорите да завршат успешно. Мислам дека оваа недела ќе има нова средба. Директорите се сменија, па почнавме од почетокот. Се надевам на позитивен исход“, изјави Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси сака да потпише со врвен искусен централен бек за 26 милиони фунти овој месец

Челси наводно е заинтересиран да потпише со врвен и искусен централен бек за само 26 милио…