Репрезентацијата на Аргентина на овогодинешното издание стигна до полуфиналето на Копа Америка.
Аргентинците беа елиминирани од Бразил во полуфиналето, а тој натпревар стана предмет на многу коментари поради изјавата на Меси во која тврдеше дека судиите го форсирале Бразил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Паоло Дибала поради една работа истакна задоволство.
Напаѓачот на Јувентус не играше многу на минатогодишното Светско првенство, но на Копа Америка во натпреварот за трето место го постигна одлучувачкиот гол.
Дибала смета дека со неговите настапи покажал дека може да игра заедно со Меси.
„Верувам дека сега на сите им покажав дека можам да играм со Меси. Тоа беше прашање на запознавање и пронаоѓање на хемија…Тука е и системот на игра. Против Чиле се договоривме еден да остане понапред, а другиот да се враќа да ја прима топката. На крајот епилогот го видовте сите, завршивме добра работа“, изјави Дибала.