Искусниот играч за врска Ласана Диара спогодбено го раскина договорот со Олимпик Марсеј и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Кина.
Диара изминатите 18 месеци го носеше дресот на Марсеј, но изразил желба да си замине, новодно бидејќи има богата понуда од Кина.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Се верува дека кинескиот клуб Шандонг Луненг има богата понуда за Диара кој одбивал да игра за Марсеј со цел исфорсира заминување на далечниот исток.
„Олимпик Марсеј сака да информира дека го раскина договорот со Ласана Диара“, стои во соопштението на клубот.
Ласана Диара во минатото го носеше дресот на Арсенал, Челси и Реал Мадрид, но потоа неговата кариера замина во надолна линија.