Аргентина со победата против Венецуела со резултат 2:0 се пласира во полуфиналето на Копа Америка.
Лео Меси синоќа не се запиша во листата на стрелци, но неговиот соиграч Анхел Ди Марија верува дека ѕвездата на Барселона игра добро за репрезентацијата иако многумина го критикуваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на Аргентина постигна само еден погодок на овој турнир, и тоа од белата точка, но играчот на ПСЖ верува дека другите аспекти на играта се важни на Копа Америка.
„Навикнавме да гледаме како постигнува погодоци, но мислам дека на Лео му оди добро.“ – изјави Ди Марија.
„Тој трча и работи. Знае повеќе од било кој дека на Копа Америка мора да трчаш многу, а потоа да размислуваш на останатите работи.“ – додаде Ди Марија.
Аргентина овој турнир го апочна лошо, но сепак сега се пласира во полуфиналето, каде ќе се сретне со Бразил, а тоа ќе биде нова шанса за Меси да постигне погодок во најважниот натпревар до сега.