Дома Македонски спорт Мак ракомет Дејвис: Победата против Монпелје е само еден натпревар, Загреб е во добра форма

Дејвис: Победата против Монпелје е само еден натпревар, Загреб е во добра форма

Во среда Вардар го очелкува важен натпревар во Лигата на шампионите во кој ќе игра против тимот на Загреб.

Вардар и Загреб ги дели само еден бод на табелата во групата, па затоа и двете екипи ја посакуваат победата. Тренерот Давид Дејвис пред натпреварот повика на поддршка од публиката и верува во добар резултат иако тимот немаше многу време за подготвки.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Имаме два дена да се подготвиме за Загреб и затоа овие два дена ќе ги искористиме максимално. Загреб е добар тим кој игра во добра форма. Сега е тешко немавме многу време затоа што играа репрезентациите во јануари. Ова ќе биде голема борба и верувам дека ќе одиме чекор понапред од Загреб, а потоа ќе мислиме и ќе се подготвуваме за другите натпревари“

„Еден натпревар е еден натпревар, со Монпелје беше голема победа. Таа победа беше важна за сите да веруваат во ситемот и да се подобри хемијата, но како што кажав тоа е само една победа, потребни се повеќе. Одиме чекор по чекор, не можеме да мислиме многу понатаму“.

„Имам многу добри сеќавања со навивачите од моите претходни четири години и во овој натпревар се надевам на голема поддршка“, изјави Дејвис.

Вардар и Загреб ќе играат в среда во 20:45 часот.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…