Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен (30) би можел ова лето да го напушти Ливерпул.
Како што тврдат италијанските медиуми, искусниот стопер кариерата би можел да ја продолжи во Милан, кој покажува голем интерес за неговите услуги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во наредните денови се очекува Паоло Малдини да именува нов спортски директор, а веднаш потоа да тргне по засилувања.
Најпрвин, договор ќе биде потпишан со новиот тренер. Росонерите го избраа Марко Џампаоло, кој ќе го замени Џенаро Гатусо на оваа позиција.
Веднаш потоа Милан тргнува по Ловрен. Наскоро се очекува официјална понуда до Ливерпул и се очекува Хрватот да ја продолжи кариерата во Милано.
Покрај Ловрен, на листата желби на тимот од Сан Сиро се уште и играчот на Сасуоло, Стефано Сенси и стоперот на Аталанта, Џанлука Манчини.
Дејан Ловрен веќе шест години игра во Англија. Во ПЛ пристигна во 2013. година во Саутемптон од француски Лион, а после само една сезона во овој тим премина во Ливерпул.