Дома Останати Тенис Децата на Федерер продаваат лимонада!

Децата на Федерер продаваат лимонада!

Роџер Федерер после АТП турнирот во Ротердам повторно се врати на врвот на АТП листата.

Меѓутоа еден од најдобрите тенисер во историјата нема намера тука да застане, овие денови тој се натпреварува на Индијан Велс каде што го очекува меч против Французинот Чарди во кој е апсолутен фаворит.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тенисерот кој наскоро ќе наполни 37 години во текот на кариерата заработи повеќе од 100 милиони долари и сигурно е еден од најбогатите спортисти во светот.

Сепак и покрај тоа Федерер покажа дека цврсто стои на земја. Имено, тој е одлучен во намерата да ги научи неговите деца на работни навики. Федерер во текот на Индијан Велс откри дека неговите ќерки кои имаат осум години продаваат лимонда.

„Да, тоа им е забавно, а и мораат да знаат дека парите не паѓаат од небото. Во еден ден заработија дури 70 долари. Соседите се великодушни кога ќе видат дека тоа го прават деца“, изјави Федерер кој со својата сопруга има четири деца. Блицнаци Мајла и Шарлен (8) и близнаците Леа и Ленија (3).

Без сомневање голем шампион на секое поле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се распадна по поразот на Ролан Гарос: Можно е ова да е мојот последен натпревар тука

ЈАНИК СИНЕР обезбеди место во финалето на Ролан Гарос. Првиот тенисер во светот во полуфин…