Дома Трансфер зона Дефанзивецот на Барселона се сели во Бундеслигата

Дефанзивецот на Барселона се сели во Бундеслигата

Жан-Клер Тодибо на почетокот на годината пристигна во Барселона како еден од најперспективните дефанзивци во Европа, но не може да се избори со конкуренцијата на „Камп Ноу“.

Младиот Французин до сега запиша само два настапи за Барселона, а во јануари ќе се пресели во Бундеслигата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Имено, Баер Леверкузен веќе го договорил трансферот на Тобидо и сега чека јануари за истиот да биде официјализиран.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека и англиски клубови биле заинтересирани за Тобидо, но „фармацевтите“ биле најбрзи.

Се уште не е откриена формулата на трансферот, но најверојатно Барселона во договорот ќе има опција да го врати на „Камп Ноу“ во наредните две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…