Антоан Гризман стана нов играч на Атлетико Мадрид.
После две години францускиот напаѓач се врати во Атлетико Мадрид на позајмица за 10 милиони евра, но клубот има обврска да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неверојатна беше ситуацијата околу овој трансфер. Во еден момент изгледало дека зделката пропаднала бидејќи се појавил проблем со трансферот на Саул Нигез од Атлетико во Челзи.
Барселона од друга страна од Севиља на позајмица го доведе Лук Де Јонг, но поради ситуацијата со Гризман и Саул и овој трансфер беше загрозен.
Меѓутоа на крајот се поминало во најдобар ред. Документите за овој трансфер во седиштето на Ла Лига стигнале во 23:59, минута пред истекот на преодниот рок. Токму поради ова во еден момент медиумите во Шпанија почнаа да објавуваат дека трансферот пропаднал.
#LaLiga no ha concedido ninguna prórroga. Las operaciones de Griezmann y De Jong han entrado en tiempo antes del cierre de LaLiga Manager. LaLiga, una vez subida la documentación, revisa la misma sobre cada una de estas operaciones.
— LaLiga (@LaLiga) August 31, 2021