Денес на програмата има четири натпревари на Светското првенство, а најголемо внимание секако привлекува дуелот помеѓу Португалија и Уругвај.
Ова е дуел од Групата Х, каде после првото коло Португалија влегува со три бода и со победа на овој меч ќе се пласира во следната фаза, додека Уругвај има само еден бод и нема право на кикс.
Последниот танц на Роналдо
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во претходното коло Португалија стигна до победа против Гана од 3:2, но резултатот лесно можеше да биде поинаков, па се чини дека тој меч го одличија детали, како дискутабилниот пенал. Роналдо и дружината покажаа дека се фаворити во групата Х, но секако не се непобедливи, а денес имаат силен противник. Во првиот меч Португалија покажа одредени лимити во играта, кои против Уругвај лесно можат да бидат казнети. Се чини дека целиот тим е се потпира на Роналдо, за кого ова е последниот Мундијал и сигурно ќе сака да покаже дека се уште е еден од најдобрите во светот. Се очекува тренерот Сантош на овој меч да започне со истиот тим како против Гана, иако Леао покажа дека заслужува да биде во стартниот тим. Португалците во овој дуел влегуваат без голем притисок, бидејќи и со реми ќе ја задржат добрата позиција за пласман во следната фаза.
Уругвај нема право на грешка
Уругвај е сигирно еден од фаворитите во оваа група за пласман во следната фаза, но во првото коло против Кореја не успеа да дојде до победа, иако беше подобар противник. Се покажа дека оваа репрезентација игра одлично во одбраната, но не функционира добро нападот, иако таму има ѕвезди како Нуњес, Суарез и Кавани. Поради тоа притисокот ќе биде на нивна страна во овој дуел во кој сигурно ќе сакаат да освојат бодови, а потоа во последното коло против Гана да бараат пласман во следната фаза. Впечатокот е дека Уругвај, барем на хартија има одличен тим со неколку големи ѕвезди, но селекторот Диего Алонсон најверојатно ќе направи некои промени во однос на првиот меч.
Очекување
Едно од најголемите дербија до сега на Мундијалот, очекуваме неизвесен и возбудлив меч. Со оглед на потенцијалот кој го имаат двете селекции очекуваме ефикасен меч со голови на двете страни.