Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот во ЛШ: Атлетико и Челзи ќе водат битка во Букурешт

Дерби на денот во ЛШ: Атлетико и Челзи ќе водат битка во Букурешт

Атлетико Мадрид е домаќин на Челзи во вторник вечер во првиот натпревар од 1/8 финалната рунда во Лигата на шампионите. Но, Атлетико нема да биде баш домаќин на овој меч. Натпреварот наместо во Мадрид, ќе се одигра на Арена Наполитана во Букурешс, Романија поради протоколите поврзани со коронавирусот во врска со патувањата.

Реваншот треба да се одигра во Лондон кон средината на март, но ако во сила останат истите рестрикции како и сега, во овој двомеч можно е ниту една екипа да ја нема предноста на домашен терен.

Пад во формата на Атлетико


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетико останува на чело во Ла Лига со големи шанси да ја освои титулата во Шпанија. Имаат три бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, но и натпревар помалку од тимот на Зидан, па Атлетико многу лесно може да ја зголеми разликата на шест бода. Сепак, избраниците на Диего Симеоне ќе влезат во овој натпревар по шокантниот пораз на домашен терен со 0:2 од Леванте. Атлетико има пад во формата во најнезгодно време. Тие всушност победија на само еден од последните четири натпревари. Имаат две ремија против Селта и Леванте, пораз од Леванте и единствена победа против Гранада.

Атлетико по традиција победува против англиски екипи

Гигантот од Мадрид не беше многу убедлив ниту во групната фаза оваа сезона во Лигата на шампионите, победувајќи на само два од нивните шест натпревари во групата А, но освоија вкупно девет бода кои беа доволни за пласман во оваа фаза.

Сепак, тие стигнаа до најдобрите осум во пет од последните седум сезони во Лигата на шампионите. Во меѓувреме, клубот од Ла Лига стигна до две финалиња во Лигата на шампионите и три во Лигата на Европа во последните 11 сезони и беше победник во девет од 11-те нокаут дуели со англиски тимови. Можеби затоа, Симеоне делува убедено дека неговиот тим ќе се радува по крајот на овој двомеч.

Челзи со Тухел влезе во одличен ритам

Во меѓувреме, Челзи удобно се пласираше во оваа фаза на турнирот, завршувајќи на врвот во групата Е, со 14 бода од нивните шест натпревари против Севилја, Краснодар и Рен. Реално, Челзи имаше далеку полесна група од Атлетико, но тоа не значи ништо пред овој меч.

„Сините“ исто така се пласираа во осминафиналето и минатата сезона, но беа поразени со вкупни 7:1 од актуелниот европски шампион Баерн Минхен. Се на се, тие имаат само пет победи на последните 11 натпревари во ова натпреварување.

Исто така, тимот од Лондон одигра 11 нокаут дуели со шпански екипи и забележа само четири победи, додека има победено на само две од последните 11 натпревари во нокаут рундата на гостински терен против клубовите од Ла Лига. Сепак, фактот дека овој меч не се игра во Мадрид треба да им помогне.

Челси ќе влезе во мечот по ремито 1:1 со Саутемптон во Премиер лигата во саботата попладне, со што беше прекината серијата од пет победи по ред, но со ремито запре и напредоот на табелата. Тие се наоѓаат на 5-то место, далеку од лидерот со амбиции за пласман во Топ 4.

Томас Тухел го предводеше ПСЖ до финалето во Лигата на шампионите минатата сезона, на крајот загуби од Баерн, а сега 47-годишниот менаџер ќе биде очаен да го продолжи својот позитивен почеток на кормилото на својот нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал спрема јануарска трансфер „бомба“

Арсенал сака да донесе врвен напаѓач, а примарна цел ќе биде ѕвездата на Њукасл, Александе…