Холанѓанецот Мемфис Депај во својата последна изјава најави заминување од Лион во текот на јануарскиот преоден рок.
Депај и во текот на претходниот преоден рок беше многу блиску до Барселона, го потврдија тоа и од Лион, но сепак на крајот остана во францускиот клуб. Сепак, во јануари веројатно ќе замине. Фаворит за неговиот потпис според медиумите повторно е Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Често ме прашувате за мојот статус во Лион, но јас нема да давам ветувања кои не можам да ги исполнам. Лион треба да го искористи времето додека сум тука, како и јас што треба да го искористам тоа време на најдобар можен начин и тоа е она што го правам секојдневно. Можете цело време да ме прашувате истото, но јас сакам да тренирам и секој ден да бидам се подобар и подобар“, порача Депај.
Дали Депај ќе премине во Барселона или пак во некој друг клуб, клубот кој би го довел во јануари не би платил голема оштета затоа што неговиот договор истекува на 30. јуни.