Дома Фудбал Италија Деновите на Гатузо се изброени, Милан го контактирал Венгер

Деновите на Гатузо се изброени, Милан го контактирал Венгер

Милан вчера беше поразен на домашен терен од Фиорентина и падна на 5-то место на табелата.

Милан нема победа на последние 5 натпревари во Серија А и во меѓувреме испадна од Лига Европа, па затоа Гатузо се најде на удар кај раководството.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот му поставил ултиматум на тренерот – доколку не победи на двата следни натпревари од Серија А ќе добие отказ.

Милан до крајот на годината има прилично лесен распоред и ќе игра со Фросиноне и СПАЛ.

Доколку Гатузо не успее да ги добие овие два натпревари, веројатно ќе ја загуби работата, а како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Арсен Венгер, кој е во одлични односи со генералниот директор Газидис.

Наводно Газидис веќе го контактирал поранешниот тренер на Арсенал, кој во јануари би можел да го презеле кормилото на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…