Како што стојат работите на Јувентус ќе му бидат вратени одземените 15 бодови поради финанската измама.
Имено, Јувентус испрати жалба на донесената одлука и по вчерашното судење изгледа дека во Торино се во предност во спорот со Фудбалската федерација на Италија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иако се најавуваше дека вчера одлуката ќе биде донесена, сепак таа се одложи за денес.
Aко федерацијата му ги врати бодовите на Јувентус, „старата дама“ би скокнала на третата позиција и ќе биде во добра позиција за излез во Лигата на шампионите.
До крајот на сезоната во Серија А остануваат уште осум кола. Јувентус вечерва го очекува и реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа против Спортинг, во првиот натпревар клубот од Торино победи со 1:0.