Дома Македонски спорт Мак ракомет Денес во Скопје ќе се слави: Шампионскиот Вардар се враќа дома

Денес во Скопје ќе се слави: Шампионскиот Вардар се враќа дома

После освоената титула во Келн во Лигата на шампионите и вчерашниот ден за одмор, ракометарите на Вардар денеска 15 минути после 11 часот би требало да пристигнат во Скопје.

Ова е најава за ново славје и пречек на ракометарите кои ја направија Македонија уште еднаш горда, така што се очекува момците кои ја освоија титулата да бидат пречекани од своите фанови. Ако нема доцнење на авионот, тој би требало да слета во 11:15 часот во Скопје, така што после ова почнува славењето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веќе е познато како ќе се одвива патот до „Портата Македонија“, каде што ракометарите би требало да пристигнат околу 13 часот. Ракометарите на Вардар би требало да поминат покрај хотелот „Континентал“, потоа кај Македонската телевизија, ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст, по што ќе се упатат кон „Портата Македонија“, каде што ќе биде главната прослава.

За оние навивачи на Вардар кои сакаат да ги пречекаат ракометарите уште на аеродромот во Петровец ќе биде организиран бесплатен превоз со автобусите на ЈСП Скопје. Тие ќе тргнат од 9:30 часот од три локации: Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром, при што сите ќе имаат попатни станици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…