Дома Фудбал Италија Дел Пјеро: Јувентус ќе доминира со Влаховиќ

Дел Пјеро: Јувентус ќе доминира со Влаховиќ

Легендата на Јувентус, Алесандро дел Пјеро верува дека „старата дама“ направила одличен потег со ангажманот на Душан Влаховиќ.

Влаховиќ за 75 милиони евра се пресели од Фиорентина во Јувентус, а Дел Пјеро верува дека со него во тимот „бјанконерите“ ќе доминираат во иднина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Влаховиќ ќе донесе поинаков изглед на Јувентус.  Тој има неверојатен квалитет и е вонсериски напаѓач. За разлика од Мората, умее подолго да задржи топка и е многу борбен. Тоа ќе му даде можност на Јувентус подобро да се трансформира од напад во одбрана, односно полесно да дише. Очекувам да продолжи да дава многу голови, а Јувентус со него да игра многу поофанзивно и да доминира во Италија“, вели Дел Пјеро.

„Доколку правилно го изведува тоа што го правеше во Фиорентина знам дека ќе постигне многу голови за Јувентус. Макс Алегри го најде балансот во првиот дел од првенството, а сега ќе може да креира и многу повеќе шанси“, додаде легендата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Донарума: Сити беше првата и единствената моја желба

Џанлуиџи Донарума истакна дека единствената желба му била да ја продолжи својата кариера в…