Заврши уште една групна фаза во Лигата на шампионите, што значи дека се комплетирани шеширите за ждрепката која ќе се оддржи на 11. декември во седиштето на УЕФА во Нион.
Единствено што беше дилема е кој ќе обезбеди пласман во групата Е, а тоа место го зазеде Ливерпул кој вечерва убедливо го прегази Спартак Москва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што секако го привлекува вниманието е шеширот во кој се наоѓаат непоразените екипи. А тука од синоќа се најдоа великаните како Баерн, Јувентус и Челзи, односно швајцарски Базел. Вечерва пак, им се приклучија Шахтјор, Порто и Севиља.
Со самиот поглед на составот на шеширите, лесно може да се констатира дека на ждрепката многумина ќе бидат во исчекување и страв да не извлечат великани од европскиот фудбал.