Дома Фудбал Лига на шампиони Дебакл среде Торино: Виљареал го елиминира Јувентус од ЛШ! 🎥

Дебакл среде Торино: Виљареал го елиминира Јувентус од ЛШ! 🎥

Беше фаворит Јувентус пред вечерашниот натпревар против Виљареал, но на крајот шпанскиот тим е тој кој оди во четвртфиналето со победа во Торино од 0:3.

Резултатот од првиот натпревар во Шпанија беше 1:1 па вечерва се беше отворено. Јувентус добро започна напаѓаше, а Влаховиќ ја погоди и пречката. Создадоа „бјанконерите“ уште некоја прилика, меѓутоа немаше погодок.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Продолжи Јувентус со нападите и во вториот дел иако не беше конкретен како во првото полувреме. Казната за промашувањата стигна кога Ругани во 77. минута беше невнимателен во својот шеснаесетник и направи пенал. Реализатор на најстрогата казна беше Жерард Морено, тоа беше првиот шут во рамките од голот на шпанскиот тим. По тој гол Јувентус тргна по се или ништо, а тоа отвори простор за фудбалерите на Виљареал. Пау Торес зголеми на 0:2, за конечните 0:3 од уште еден пенал да ги постави конечните Даџума.

Треба да се спомене дека за Јувентус ова е трета година во низа во која испаѓа во осминафиналето во Лигата на шампионите што секако е далеку од очекувањата на навивачите.

За разлика од Јувентус Челзи не дозволи изненадувања и запиша уште една победа против Лил за пласман во четвртфиналето.

Францускиот состав прв дојде до водство во 38. минута преку Бурак Јилмаз. Беше тоа гол на надеж за Французите, но нивната радост не траеше долго затоа што Пулишиќ пред крајот на полувремето изедначи на 1:1. Во вториот дел Азпиликуета постигна гол за победа на Челзи и во овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …