Дома Фудбал Останато ДЕ РОСИ ОТКРИ: Просто неверојатно е каков човек е Коларов

ДЕ РОСИ ОТКРИ: Просто неверојатно е каков човек е Коларов

Александар Коларов вчера беше еден од јунаците на победата на Рома над градскиот ривал, бидејќи постигна гол за 2:1 од слободен удар.

Искусниот српски бек беше на мета на навивачите кои го критикуваа во последно време, па во натпреварот против Фросиноне претрпе и свирежи од трибините. Коларов не се огласи, но вчера постигна гол и одигра одличен натпревар во големата победа на Рома, а и се запиша како втор човек во историјата на римското дерби кој постигнал гол во дресовите на двата клуба. 2009. година постигна гол за Лацио против Рома.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Синоќа исто така и капитенот Даниеле Де Роси изајви дека Коларов играше со скршен прст на ногата. Иако беше под инјекции, одлучи да истрпи се и да и помoгне на Рома, а на крајот се исплатеше, уште беше и еден од клучните луѓе во постигнувањето на победата. Ќе видиме дали и по ова навивачите на Рома ќе имаат омраза кон него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…