Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесуваат медиумите на Островот.
Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жил Кунде од Севиља.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сините“ на лето готово сигурно ќе останат без Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец, а Матијас де Лихт ќе биде основна трансфер цел.
Холанѓанецот сака да ја промени средината и Јувентус е спремен да го продаде за 70 милиони евра.
Челзи е спремен да ја плати таа сума и веќе почна да работи на трансферот бидејќи сака да ја победи конкуренцијата.