Играчот на Наполи Калид Кулибали се наоѓа на мета на многу европски гиганти.
Сенегалецот во 2014 година пристигна од Генк во Наполи за нешто помалку од осум милиони евра, но потоа неговата цена скокна и сега таа изнесува 75 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата сезона одигра 48 натпревари за италијанскиот клуб во сите натпревари и помина 2153 минути на теренот и беше еден од најдобрите играчи на Наполи.
Со своите добри настапи го привлече вниманието на многу клубови, а најмногу за него се интересираше Манчестер Јунајтед кој испрати понуда од 110 милиони евра.
Потоа се појави Реал Мадрид со понуда од 90 милиони евра, но газдата на Наполи ги одбиваше сите понуди.
Италијанска „Газета дело Спорт“ денес пишува дека Гвардиола сака да го види Кулибали во својот тим и дека Сити е спремен да испрати понуда вредна 95 милиони евра.
Кулибали во Сити би бил замена за Винсент Компани кој го напушти клубот на крајот на оваа сезона.
Manchester City are set to make a €95m bid for Kalidou Koulibaly and the Napoli defender is tempted to work under Pep Guardiola. (Source: Gazzetta dello Sport) pic.twitter.com/G9h7thGY9g
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 19, 2019