Милан и Клуб Бриж долго време водат преговори за трансфер на белгискиот репрезентативец Чарлс де Кетелар.
21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, минатата сезона блесна во дресот на Клуб Бриж и е примарна трансфер цел на „росонерите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, а се очекува „росонерите“ да платат 35 милиони евра плус бонуси.
За да го забрза преговарачкиот процес, самиот фудбалер направи отстапки за висината на платата и наместо 2,7 милиони евра, ќе заработува 2,2 милиони евра.
Се очекува Белгиецот наскоро да пристигне во Милано и да стави потпис на договор со „росонерите“ до 2027 година.