Голманот на Манчестер Јунајтед, Дави де Геа истакна дека челните од „Олд Трафорд“ се надеваат дека тој ќе остане во клубот и следната сезона и покрај фактот што Реал Мадрид е упорен да го доведе.
Де Геа во разговор за шпанските медиуми истакна дека преговорите помеѓу двата клуба нема да одат така лесно бидејќи „црвените ѓаволи“ немаат намера да се отлажат од него.
Шпанецот додаде дека Јунајтед сега е во многу подобра позиција за преговори отколку во 2015 година, кога трансферот на Де Геа во Реал Мадрид пропадна во последните моменти од преодниот рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Давид де Геа е роден во Мадрид, а во Манчестер Јунајтед пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид, па останува да видиме дали „кралевите“ ова лето ќе успеат да го вратат во шпанската престолнина.