Дома Фудбал Англија Де Брујн: Само 10 минути се подготвувавме за Манчестер Јунајтед

Де Брујн: Само 10 минути се подготвувавме за Манчестер Јунајтед

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, даде потценувачка изјава за дербито со Манчестер Јунајтед.

„Граѓаните“ го надиграа градскиот ривал на Олд Трафорд и победија со 2:0, а Де Брујн вели дека тактички се подготвувале само десетина минути.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Обично ден пред натпреварот подготвуваме тактика против противникот. Пеп ни рече не знаеме како ќе играат, ќе видиме. На тактички престанавме да се подготвуваме веќе по 10 минути. Пеп не беше сигурен дали Јунајтед ќе игра со пет назад или со четири дефанзивци, но на крајот ги победивме“, порача Де Брујн.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е под огромен притисок поради слабите резултати, но и дека нема препознатлив стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Детали од новиот договор на Ван Дајк: Стана најплатениот дефанзивец во Европа

Вирџил Ван Дајк ја продолжи верноста кон „црвените“ за дополнителни две години, што го нап…