Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн (32) го пофали клупскиот соиграч, Фил Фоден (23).
„Тој е еден од најголемите таленти со кои сум играл. Може да испишува историја во наредните 15 години“, изјави Де Брујн за „Телефут“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фоден е фудбалер кој излезе од академијата на Сити, стана член на екипата на Пеп Гвардиола, а дојде до репрезентацијата на Англија.
Во актуелната сезона Фоден постигна 22 гола и запиша 10 асистенции на 45 натпревари, додека вкупно за клубот од Манчестер одира 262 натпревари во кои 82 пати беше стрелец и додаде уште 51 асистенција.
Според „Трансфермаркт“ неговата вредност во овој момент е 130 милиони евра.