Манчестер Сити го реализираше најскапиот трансфер во својата историја и го донесе Грилиш за 117 милиони евра.
Меѓутоа, некои од фудбалерите на Сити се незадоволни и сакаат да го напуштат клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола пред некој ден призна дека Бернардо Силва е еден од нив, а втората ѕвезда која побарала трансфер е Емерик Лапорт.
27-годишниот дефанзивец не е задоволен од својата минутажа и сака да ја промени средината. Тој го загуби местото во стартниот тим, каде играат Диаш и Стоунс.
Меѓутоа, Лапорт има договор на уште четири години и висока плата, па нема многу клубови кои се спремни да му ја гарантираат истата плата.
City Xtra | Man City Identify €80M Harry Kane 'Alternative', Aymeric Laporte Attracting Interest From European Giant – The Daily Transfer Round-Up – #57 #mcfchttps://t.co/0SHn1ae5ui
— Manchester City FC Fan Content (@mancitycontent) August 18, 2021
`@City_Xtra | @mancitycontent | @mancitydiscord`