
На крајот од сезоната му истекува договорот, а нова соработка, според Британците, нема да му биде понудена.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Португалскиот играч за врска Бернардо Силва (31), кој осум години беше еден од клучните фудбалери на Манчестер Сити, веќе знае дека на крајот од сезоната ќе мора да побара нов работодавач.
Раководството на Граѓаните нема намера да го продолжи договорот со Силва, кој истекува во јуни следната година, објавија британските медиуми. Така, Силва ќе ја доживее истата судбина како и Белгиецот Кевин Де Брујне (34), кој беше отфрлен откако беше десет години столб на екипата. Де Брујне ова лето како слободен играч потпиша за италијанскиот првак Наполи.
Во осум сезони на Етихад Силва постигна 72 гола и 74 асистенции, и освои шест титули првак на Англија, два ФА купа и Лигата на шампионите (2023).