Вардар отпатува во Нови Сад каде што утре од 17:30 часот ќе го игра натпреварот од второто коло во СЕХА лигата против Војводина.
Ракометарот на Вардар, Дарко Ѓукиќ очекува тежок натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Очекуваме тежок натпревар, нема да биде нималку лесно. Војводина игра дома, но ние одиме на победа и мора да го добиеме овој натпревар. Тие се во ист состав како и лани, најмногу им зависи играта од Прибак и Николиќ. Одиме по два бода, не смееме да губиме лесно топки, да играме добра одбрана, подобар напад отколку со Нексе, тоа се некои наши цели, па ќе видиме што ќе реализираме од тоа утре“, изјави Ѓукиќ
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961